Српскиот претседател Александар Вучиќ зборуваше за ситуацијата во Украина и на фактот дека Србија сè уште нема воведено санкции кон Русија.
– Истраевме 210 дена со стабилна политика, мислам дека никој не го очекуваше тоа… Патот на Србија е многу тежок, трнлив… но тоа е пат кој се грижи за интересите на државата. Нема да биде лесно во иднина. Јас не се борам за Путин или Бајден, туку за Србија, оваа земја… Не ми е гајле за странските лидери – додаде Вучиќ и изјави дека притисоците ќе се зголемуваат.
Тој вели дека на Запад се зголемува нервозата и дека политичките партии и медиумите ќе бидат вклучени во притисокот врз Србија. Тој во своето обраќање го повтори ставот на Србија за референдумите во Украина.
– Гледам како Србија во овие тешки моменти нема да биде под нивен напад и затоа што треба да размислуваме за денот потоа, како што изјави денеска Ангела Меркел – рече Вучиќ и додаде дека притисокот врз Србија ќе се множи.
Вучиќ рече дека Србија нема да ги признае референдумите во областите Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон.