Хагари: Овој напад ќе има последици, ќе дејствуваме на место и во време за кое ние ќе одлучиме
Портпаролот на Израелските одбранбени сили – ИДФ, Даниел Хагари, изјави дека во моментов нема дополнителни закани кон Израел од Иран, што укажува дека ракетниот напад е завршен, јави Тајмс оф Израел.
Израелците пред кратко време беа известени дека по еден час можат да ги напуштат засолништата.
-За време на одбраната извршивме неколку пресретнувања. Има одредени удари во центарот и областите на југот на земјата – изјави Хагари.
-Во оваа фаза, сè уште вршиме проценка на нападот, но немаме информации за евентуални жртви – додава тој.
Израел најавува дека ќе возврати по денешниот ирански ракетен напад, а портпаролот на армијата рече дека одговорот ќе биде во време и место што ќе го изберат тие.
-Овој напад ќе има последици. Имаме планови и ќе дејствуваме на место и во време за кое ние ќе одлучиме – изјави Хагари.
Службите за итни случаи соопштија дека најмалку две лица се здобиле со лесни повреди за време на ракетниот напад.
-Во моментов нема извештаи за повредени од нападот кон Израел, освен две лесни повреди од шрапнели во областа на Тел Авив и некои полесни повреди на национално ниво додека се движеле кон безбедни простори.