Фото: Пиксабеј

Триесет и четиригодишна српска државјанка е уапсена во грчката населба Лептокарија под сомнение дека пред пет месеци го убила сопругот Костас Сијамитрас (58), а потоа неговото тело го закопала во дворот на семејната куќа, објави белградска Политика.

Осомничената, која била во шестиот месец од бременоста, на распит го признала убиството. Според грчките медиуми, таа изјавила дека при расправија го оттурнала сопругот, а тој при падот доживеал смртоносен удар во главата.

По злосторството, таа го пријавила исчезнувањето на 2-ри септември минатата година и постојано пред медиумите и телевизиските камери нервозно молела за помош во потрагата по нејзиниот сопруг.

– Рече дека ѝ недостига Костас, дека куќата е празна, дури изјави дека е очајна, моли за помош бидејќи „нивниот син постојано го бара татко му“. Таа изнесе теории дека можеби нејзиниот сопруг се разболел затоа што има проблеми со дишењето, дека можеби колабирал и дека никој не му помогнал. Таа дури изјавила: “Се плашам дека е болен. Никогаш не би повредил никого. Никогаш не би отишол никаде сам, бидејќи не можел да поднесе долго да се раздели од нашиот син” – пишуваат грчките медиуми.

За тоа време, истражителите интервјуираа сведоци, вклучувајќи го и нивниот тригодишен син, и собраа докази.

Грчките медиуми потсетуваат дека во првата изјава на жената изјавила дека на 2 септември нејзиниот сопруг излегол од куќата и отишол на работа. Тврдела дека упорно му се јавувала, но дека по некое време му бил исклучен мобилниот и му се губи секаква трага.

-Во меѓувреме во присуство на психолог земен е исказот на нивниот тригодишен син, како и на бројни други сведоци. Таа во четвртокот повторно била повикана во полиција, а потоа признала дека се расправале и дека при расправијата го оттурнала, поради што изгубил рамнотежа, паднал на подот и го удрила со главата. Рекла дека видела дека не дише, а потоа го зела и го закопала во дворот од нивната куќа. Таа ги водеше инспекторите до местото каде што го погреба нејзиниот сопруг, во дворот зад нивната куќа. Форензичарите пристигнале на местото на настанот и по ископувањето на теренот, на длабочина од околу 40 сантиметри пронашле човечки останки, череп и лопата – потврдија грчките медиуми од истрагата.

Според пишувањата на медиумите, соседите рекле дека парот во последно време често се расправал. Таткото на жртвата наводно изјавил дека снаата била крајно злобна кон неговиот син.

-Последниве месеци додека го баравме таа беше целосно рамнодушна. Воопшто не ја интересираше, земаше мотор и одеше до село, одеше на прошетка, пазареше – рекол таткото на жртвата, тврдејќи дека е сигурен дека има соучесник.