Штрајкот на контролорите на лет од вчера го парализираа авиосообраќајот во неколку африкански аеродроми.
Контролорите на лет бараат подобри услови за работа и подобар систем за напредување.
Штрајкот, што почна вчера во 10 часот по средноевропско време, е во организација на Унијата на синдикати на контролори на летови и е предвидено да трае 48 часа.
Агенцијата за безбедност на авиосообраќајот во Африка и на Мадагаскар има 18 земји-членки, поголемиот број франкофонски држави.
Авиосообраќајот поради штрајкот е во прекин во Абиџан, Брег на Слонова Коска, во Уагадугу, Буркина Фасо, во Бомако, Мали како и на аеродромите во Камерун.
Во вчерашното соопштение од АСЕЦНА се изразува жалење поради „неслужбениот штрајк“, бидејќи истиот беше забранет од националните судови.