Уште 30 вработени во руската дипломатска мисија во САД ќе ја напуштат таа држава до 1 јануари 2023 година поради визните ограничувања, изјави денеска рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов.
– Американците ја продолжуваат својата политика на намалување на бројот на руски дипломати во САД. Уште 30 лица ќе ги напуштат САД до 1 јануари. Мора да ги напуштат САД поради визните ограничувања воведени од Стејт департментот – изјави Антонов во интервју за руски медиуми.