Фото: Инстаграм / Вoлoдимир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Киев бара членство во НАТО по забрзана процедура.

– Преземаме одлучувачки чекор со потпишување на апликацијата на Украина за забрзано членство во НАТО – рече Зеленски во видео обраќањето.

Украинскиот лидер тоа го соопшти неколку минути откако Русија официјално ја официјализираше анексијата на четири украински региони.

Украинскиот лидер додаде дека Киев е подготвен да преговара со Москва, но не со Владимир Путин, туку со друг руски претседател.

– Подготвени сме за дијалог со Русија, но со друг претседател на Русија – објави Зеленски во видео пораката објавена на неговиот канал на Телеграм.