Фото: Фејсбук/Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тој е единствената личност во светот што може да стави крај на војната во Украина, додавајќи дека напорите да се спречи ескалацијата на конфликтот се „донекаде под контрола“, објави „Политико“.

– Мислам дека нема никој на светот кој може да го запре рускиот претседател Владимир Путин, освен мене, рече Трамп доцна синоќа во интервју за „Ауткик“. И мислам дека ќе можам да го запрам. Имавме многу рационални дискусии и само сакам да видам дека луѓето престануваат да се убиваат – рече Трамп.

Претседателот Трамп уште во предизборната кампања потенцираше дека ќе се залага за брзо завршување на војната во Украина. Во таа насока тој повеќе пати имаше разговори и со рускиот претседател Владимир Путин и со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.