Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп првпат, јавно призна дека неговиот демократски противкандидат Џо Бајден победил на претседателските избори одржани на 3 ноември, но ги повтори своите тврдења дека „изборите се наместени“.

– Тој победи затоа што изборите беа наместени – напиша Трамп на Твитер,  додавајќи дека набљудувачите не им било дозволено да присуствуваат на пребројувањето на гласовите, како и дека гласањето во вид на табела го прикажала радикално левичарската приватна компанија, Доминион.