Фото: Принтскрин

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска повтори дека неговата земја се согласува со влезот на Финска во НАТО, но не и на Шведска, на која и порача „да не се обидува залудно“.

Ердоган истакна дека процесот за Финска го оценува како позитивен.

– Ние не гледаме позитивно на Шведска … Сè додека вие и вашите безбедносни сили дозволувате да ја запалат и кинат мојата света книга, ние нема да се согласиме со вашето приклучување во НАТО – потенцира Ердоган.

Турција со месеци го блокира влезот на двете нордиски земји во НАТО, бидејќи за тоа е потребна согласност од сите членки на Алијансата.