Најмалку седум лица се ранети во пукање доцна попладнево во трговски центар во Тел Авив, според службите за итни случаи, во, како што соопшти полицијата, сомнителен „терористички“ напад.
– Најмалку седум лица се ранети на две различни места – рече шефот на итната медицинска помош, Ели Бин.
Две од застреланите лица се во критична состојба.
Најмалку двајца терористи, од кои едниот е вооружен со автоматска пушка, извршија напад во Јафа, дел од Тел Авив, според инсерти од надзорните камери, според израелски медиуми, кои велат дека еден од нив бил застрелан од полицијата.