САД засега немаат забележано промени на состојбата на нуклеарните сили на Русија, што би предизвикало промени на состојбата на американските нуклеарни сили, укажа синоќа портпаролот на Пентагон Пат Рајдер.
Тој рече дека САД, секако, ги примаат мошне сериозно нуклеарните закани од Русија.
– Општо земено, Русија исто така не врши значајни измени на состојбата и на своите конвенционални сили, покрај она што се случува во регионот на Донбас со обидите на Русите да извршaт офанзивни напади во таа област, и со Украина успешно држејќи ги своите линии – изјави бригадниот генерал Рајдер.
Тој истакна дека САД продолжуват да бидат фокусирани и да работат блиску со сојузниците и партнери за подршка на Украина „во својата борба“ против руските сили.