Соединетите Американски Држави усвоија нов пакет санкции против Русија, во кој се вклучени 17 лица, соопшти денеска американското Министерство за финансии на својата веб-страница.
Меѓу лицата опфатени со санкциите е и Сергеј Ролдугин, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин.
Најновите санкции се насочени и кон 16 субјекти, седум пловни објекти и три авиони, се вели во соопштението.
И ЕУ се согласи на нови санкции против Русија. Пакетот вклучува ембарго за нафта.
Европската Унија штотуку ја одобри шестата рунда санкции против Русија, пишува Ројтерс.
– Има одлука на амбасадорот. Шестиот пакет ќе стапи во сила по неговото објавување во Службениот весник на ЕУ, приближно в петок – изјави неименуван дипломат за новинарите во Брисел, цитирајќи го „Ројтерс“.