Фото: Пиксабеј

Русија има право испораките на системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ на Украина да ги смета како директно мешање на САД во овој конфликт, изјави денеска заменик-претседателот на Советот на Руската Федерацијата, Константин Косачев.

– Без оглед на тоа што американскиот претседател зборува за одбранбени оружени системи, ние имаме целосно право да ги сметаме тие испораки како директно мешање на САД во овој конфликт – напиша Косачев на Телеграм.

Тој потсети на гласањето во мај кога 57 Републиканци во Претставничкиот дом се спротивставија на испраќањето пакет помош за Украина.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера потврди дека Вашингтон ќе обезбеди системи „Патриот“ на Украина.