Фото: Твитер/МНР на Русија

Руската амбасада во САД побара од Белата куќа и Стејт департментот да му издадат визи на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и на сите членови на руската делегација за учество на Генералното собрание на ОН во септември. Ова го изјави рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.

– Амбасадата веќе се обрати до Белата куќа и Стејт департментот со барање да ги исполни обврските на една земја на територијата на која е седиштето на ОН и веднаш да му издаде виза на министерот и на сите членови на руската делегација – рече амбасадорот во изјава за руски медиуми.

Заменик портпаролот на ОН Фархан Хак изјави дека генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш е во близок контакт со САД и Русија за прашањето за издавање визи за руската делегација за учество во неделата на политички дебати на високо ниво на сесијата на Генералното собрание на ОН во септември.