Руската државна корпорација „Росатом“ планира до 2030 година да направи интернет базиран на квантни компјутери, објави прес-службата на проектната канцеларија за квантни технологии „Росатом“.

Главната задача во периодот 2025-2030 година ќе биде обединување на првите квантни процесори во заедничка мрежа и создавање на квантен интернет. Ова беше објавено на дискусијата „Квантни пресметки како одговор на глобалните предизвици“ во рамки на Светската изложба „Експо 2020“ во Дубаи“, се наведува во соопштението.

Истражувачките соработници на „Росатом“ ќе презентираат нацрт за развој на квантни пресметки до Владата на Русија до крајот на 2022 година.