Русија се бори против децениска „хегемонистичка и империјалистичка политика“ на САД и нивните сојузници, рече претседателот Владимир Путин на почетокот на разговорите со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Пјонгјанг.
– Мислам на нашата борба против хегемонистичката, империјалистичка политика што ни ја наметнаа САД и нивните сателити во однос на Русија со децении – рече Путин.
Тој му се заблагодари на севернокорејскиот лидер за поддршката на Северна Кореја за Русија, вклучително и за прашањето за Украина.
– Високо ја цениме вашата доследна и цврста поддршка за руската политика, вклучително и украинската насока – рече Путин, додавајќи дека интеракцијата меѓу двете земји се заснова на принципот на еднаквост и заемно почитување на нивните интереси.
Според него, Русија и Северна Кореја се поврзани многу децении со вистинско пријателство и добрососедство.
Путин беше пречекан со голема церемонија на централниот плоштад во Пјонгјанг.