Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, „се согласиле дека конфликтот во Украина може да се реши по мирен пат“.
– Постои согласност дека ова решение е можно преку мирни преговори, но треба да ги чекаме резултатите од заедничката работа – рече Песков.
Тој посочи дека Кремљ е „импресиониран“ од ставот на Трамп за ставање крај на војната во Украина, за разлика од позициите на претходната американска администрација.
Путин и Трамп вчера имаа телефонски разговор кој траеше речиси час и половина, при што се осврнаа на голем број важни теми како што се размената на руски и американски граѓани, решавање на ситуацијата во Украина и други меѓународни предизвици.