Поранешен полицаец отворил оган во дневен центар за деца од предучилишна возраст во Тајланд, соопшти полицијата. Ројтерс јавува дека има 34 жртви, меѓу кои 22 деца.
Вооружениот напаѓач, како што јавува Би-би-си, се уште е на слобода по нападот во Ног Буа Ламфу, на североистокот на земјата.
Полицијата соопшти дека меѓу жртвите има деца и возрасни. Напаѓачот, јави Би-би-си, пукал и избодел деца и возрасни и сега е во бегство, соопшти полицијата. Мотивот за нападот е нејасен.
Извештаите во Тајланд велат дека полицаецот неодамна бил отпуштен.
Полицијата вели дека тој последен пат бил виден како вози пик-ап „Тојота“ со регистерски таблички од Бангкок.
Масовните престрелки во Тајланд се ретки.