Градoт Париз ги покачи туристичките такси од 1 јануари годинава. Мерката се воведува во пресрет на Олимписките игри во француската претолнина оваа година, па така, од месецов даноците за престој во хотели и други сместувачки места, се зголемени повеќе од двојно.
– За сите (цени на) хотелски соби коишто се обновени, гледаме зголемувања, почнувајќи од 20 отсто во седмиците што ѝ претходеа на Олимпијадата – рече Џејсон Сусински, директор на туристичката агенција „Кенсингтон турс“.
Сусински посочи и дека туристичките водичи во главниот град на Франција сега исто така наплаќаат повеќе – во некои случаи зголемување од 20 отсто во однос на минатата година. Од друга страна, и влезниците за музејот „Лувр“ од 15 јануари ќе поскапат до 22 евра. Според Музејот, тоа е прво поскапување последниве осум години.
Инаку, Светскиот совет за патувања и туризам (World Travel & Tourism Council) го прогласи Париз за најмоќен град туристичка дестинација во светот за 2023 година. Приходите се бројат во десетици милијарди евра.