Папата Франциско денеска ја нарече војната во Украина неоправдан, бесмислен масакр. Побара од лидерите да биде прекината неприфатливата војна.
-За жал, насилната агресија против Украина не стивнува – нагласи папата на десетици илјади луѓе собрани на плоштадот Свети Петар за време на неделната молитва.
Тој потенцира дека тоа е бесмислен масакр во кој секојдневно се повторуваат убиства и злосторства.
-Нема оправдување за ова – рече папата Франциско, кој повторно не ја наведе Русија како агресор.
Тој, исто така, ги повика сите актери во меѓународната заедница да работат на прекин на војната.