Панамските власти разбија мрежа за шверц на кинески мигранти низ џунглата Дариен, соопшти панамското обвинителство.
Станува збор за трговија со мигранти чија крајна цел се САД.
Апсењата се извршени во градот Санта Фе, што се наоѓа во провинцијата Дариен, регион кој граничи со Колумбија и низ кој минуваат илјадници мигранти за да стигнат до САД.
Во 2023 година, повеќе од половина милион мигранти поминаа низ џунглата Дариен.
Од почетокот на оваа година низ таа рута поминале повеќе од 220 илјади луѓе – воглавно Венецуелци, Еквадорци, Колумбијци, Хаиќани и Кинези.