Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Западот сака да ја глобализира војната во Украина.
-Конфликтот мора да биде изолиран, но западните земји сакаат да ја глобализираат војната – изјави Орбан за јавниот сервис – пренесува МТИ.
Премиерот Орбан додаде дека ќе се докаже дека Унгарија била во право за војната во Украина и дека Западот не успеал мирно да ја процени ситуацијата на теренот.
-Можете да војувате само ако имате јасна цел и знаете кои алатки ќе ги користите. Во спротивно, политиката не може да ги објасни изгубените животи – рече унгарскиот премиер.