Дмитриј Песков/Фото: Кремљ

Односите меѓу Русија и САД се на нула, па дури и под нулата, но бидејќи двете земји имаат посебна одговорност за глобалната и стратешка стабилност, на еден или друг начин, дијалогот ќе мора да продолжи со текот на времето, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој во интервју за телевизијата „Русија 1“ рече дека падот на односите меѓу Руската Федерација и САД е иницијатива на Американците и изјави дека за еден ден да има средба меѓу претседателите на САД и Русија, американскиот лидер во иднина ќе мора да заземе поконструктивен став во билатералните односи, пренесе „РИА Новости’.

– И тогаш условите за таква средба ќе бидат зрели – рече Песков, одговарајќи на прашањето под кои околности би можеле да се остварат контакти меѓу лидерите на Русија и САД. Тој додаде дека комуникацијата меѓу претседателите на двете земји може да има само „со взаемна желба и взаемна подготвеност“.

– Рускиот претседател постојано изјавува дека е подготвен за сите контакти – додаде портпаролот на Кремљ.