Во декларацијата објавена деновиве на самитот на ОН за климата експлицитно е напишано дека „планот на дваесет земји е значително да го зголемат производството на енергија од нуклеарни извори во корист на климата“!
Дваесет земји планираат тројно да го зголемат производството на нуклеарна енергија
Во декларацијата од самитот на ОН за климата, потпишана од Франција и од Соединетите Американски Држави, се наведува дека капацитетите треба да се тројно зголемени до 2050 година!
Пактот го потпишаа и Канада, Јапонија, Обединетото Кралство и неколку други европски земји.
Сосема очекувано, Германија не е еден од потписниците откако годинава се откажа од нуклеарната енергија. Но, во многу други земји, како што се Франција и Велика Британија, нуклеарната енергија сè уште игра клучна улога во снабдувањето со енергија.
Во декларацијата се наведува дека нуклеарната енергија игра клучна улога за постигнување климатска неутралност до средината на векот и ограничување на температурата на затоплувањето на Земјата на 1,5 Целзиусов степен, со што глобалната заедница сака да ги спречи најлошите последици од глобалното затоплување.
До други земји беше испратена покана да се приклучат, а до донаторите да инвестираат во проширување на нуклеарната енергија.