Републиканецот Кевин Мекарти е избран за претседател на Претставничкиот дом на американскиот конгрес по неколкудневни преговори и 15 круга гласање. Тој положи заклетва како претседател на Претставничкиот дом на 118-та седница на Конгресот. Заклетва положија и членовите на 118. Конгрес.

На последното гласање тој освои 216 гласови, додека демократскиот лидер на Претставничкиот дом Хаким Џефрис ги доби гласовите на 212 претставници, пренесува „Си-ен-ен“.

Републиканците претходно се согласија да го номинираат Мекарти, но неговиот пат до претседателската функција беше неизвесен откако дел од нив се заканија дека ќе ја блокираат неговата кандидатура.

– Ова беше лесно, а? Никогаш не мислев дека ќе биде вака – се пошегува Мекарти во својот прв говор откако беше избран.

Тој исто така рече дека намерата на Претставничкиот дом е дека сакаат САД да победат во економската трка со Кина.

– Ќе се справуваме и со долгорочните американски проблеми, како што е долгот – рече Мекарти.