Французинот кој стана познат по тоа што се искачуваше на повеќе различни облакодери во неколку светски метрополи, пристигна во Хонгконг и на една од тамошните згради прикачи знаме преку кое испрати порака за мир во полуавтономниот регион.

Алаин Роберт, позат во јавноста како францускиот Спајдермен, прикачи знаме на кое се знамињата на Кина и Хонгконг, а под знамињата има две дланки кои се ракуваат, како знак за мир меѓу двете спротиставени страни.

Веќе неколку месеци, во Хонгконг се одвиваат антивладини протести кои често преминуваа во насилни судири со полицијата.

Роберт (57) изјави дека со неговиот потег сака да испрати „итна“ порака за мир во градот.

Прикачувањето на знамето предизвика поделени реакции во јавноста и на социјалните мрежи. Некои го поддржаа, додека други сметаат дека жителите на Хонгконг не треба да се подадат рака на „касапи и диктатори“.

Ова не е првпат Французинот да се се искачи на една зграда Хонгконг, каде незаконски неколку пати се искачуваше на облакодерите, поради што доби забрана за влез во земјата од една година.

Претходно, тој без опрема се искачуваше на облакодери на Филипините, на светски познатата зграда Бурж Калифа во Дубаи, како и на високи згради во Куала Лумпур, Тајван и во Лондон.