Фото: Лукашенко/Интернет-страница на белорускиот претседател

Поради обидот за вооружен бунт во Русија, претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, издаде наредба армијата да се стави во целосна борбена готовност, пренесува РИА Новости.

– Ги дадов сите наредби армијата да се подигне во состојба на целосна борбена готовност – рече Лукашенко.

Според него, граѓаните на Белорусија загрижено го следеле обидот за бунт во Русија.

– Нема да кријам, беше болно да се гледаат настаните што се случија на југот на Русија. Не само за мене. Многу наши граѓани го следеа со загриженост – рече Лукашенко.