Кремљ денеска ги отфрли тврдењата на весникот „Фајненшл тајмс“ дека Русија и Украина се во почетна фаза на преговори за можен прекин на нападите врз енергетските капацитети.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека има многу информации во медиумите „кои немаат никаква врска со реалноста“.
„Фајненшл тајмс“, цитирајќи извори меѓу кои, како што наведува, има високи украински функционери, пишува дека Киев сака да ги продолжи преговорите, кои во август речиси стигнаа до договор и се со посредство на Катар.
Изворите за весникот изјавиле дека разговорите пропаднале откако силите на Киев ја започнале офанзивата во руската област Курск, која граничи со Украина.
– Има разговори во многу рана фаза за евентуално обновување на нешто – изјави дипломат за „Фајненшл тајмс“.
– Во моментов се водат преговори за енергетските капацитети – пишува весникот.