Откако започна најсериозниот конфликт во Европа по Втората светска војна, компаниите низ континентот различно реагираат во страв поради последиците врз нивната егзистенција. Кризата влијае на просперитетот од обработливото земјиште во Шпанија до индустријата на еврозоната во Германија и во Франција. Коренот на проблемите лежи во зголемените трошоци за енергија и во тоа што Европската Унија се потпира на Украина за повеќе од половина од нејзините резерви на пченка. Аналитичарите предвидуваат дека извозот на земјоделски култури ќе се намали за дури една третина што ќе резултира со раст на цените.
Цената на природниот гас во Европа достигна највисоко ниво на сите времиња на 7 март, достигнувајќи накратко 345 евра за мегават-час. Во првата половина на 2021 година, цената се движеше приближно во опсег од 15 до 30 евра за мегават-час. Во извештајот што неодамна го објави инвестициската банка Џеј-Пи Морган, лондонскиот економист Грег Фузеси пресмета дека доходниот шок од 550 милијарди евра е еднаков на 4,5 отсто од проценетото производство на еврозоната од 12,2 илјади милијарди евра во 2022 година.