Командантот на иранските сили Кудс, Есмаиол Каани е во добра здравствена состојба, изјави заменик-командантот на Кудс на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, Ирај Масџеди.
Двајца неименувани високи ирански безбедносни функционери изјавија дека не се огласил од минатонеделните напади на Бејрут.
Каани бил во јужните предградија на Бејрут за време на нападот кој наводно бил насочен кон високиот функционер на Хезболах Хашем Сафиедин, но не се сретнал со него. Сафиедин важеше за наследник на лидерот на Хезболах, Хасан Насралах, кој беше убиен во израелски напад на 27 септември.