Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека борбени авиони и хеликоптери во текот на ноќта нападнале цели во Појасот Газа, вклучително и тунели, командни центри и складишта за оружје.
Милитанти на Хамас беа таргетирани и убиени со дрон на ИДФ што дејствуваше во насока на копнените трупи, соопшти ИДФ.
Се додава дека израелските поморски трупи нападнале цели на Хамас, вклучително и инфраструктура и бродови на Хамас.
Израелските одбранбени сили претходно соопштија дека погодиле повеќе од 400 цели низ Газа во првите 24 часа по прекинот на еднонеделното примирје со Хамас.