Фото: Пиксабеј

Сезоната на грип во Хрватска го достигна својот врв, со околу 24.000 заболени и 31 смртен случај поради болеста и компликации досега, соопшти денеска Хрватскиот институт за јавно здравје (ХЗЈЗ). Во ХЗЈЗ очекуваат намалување на бројот на заболени во наредните недели, со оглед на тоа што во последната недела, од 3 до 9 февруари, пријавени се илјада заболени помалку во однос на неделата претходно, па може да се каже дека грипот го достигна својот врв оваа сезона.

Само во последната недела се регистрирани 5.300 случаи, наспроти 6.864 претходната недела. Поголемиот дел од засегнатите се деца на предучилишна возраст.

Имаше нешто повеќе од 24.000 регистрирани болни вкупно, заклучно со 9-ти февруари. До 2 февруари, поради грип и компликации од болеста се хоспитализирани 945 лица, што е за 94 случаи повеќе отколку во истиот период минатата сезона, пренесе Хина.

Минатата сезона пријавени се вкупно 19.729 заболени од грип и 45 починати, пренесува Танјуг.