Навивачкото село во Доха, во близина на стадионот „Лусаил“ го зафатил пожар, пишува „Дејли Мејл“.
Ова се случило во навивачкото село наречено „Северниот остров Кетаифан“, а властите истакнале дека пожарникарите го „контролирале“ пожарот во зградата, и дека нема повредени.
Иако во Катар прават се за да ја спречат паниката, видеата кои се појавуваат на социјалните мрежи покажуваат дека пожарот е видлив од голема далечина.
Видео снимките кои се појавија, исто така, покажуваат дека во градот Лусаил има шатори кои во најлош случај лесно може да се запалат под силата на огнот.