Фото: принтскрин

Експлозија на гас предизвика пожар во згради во Латинскиот кварт во центарот на Париз, соопштија официјални лица и очевидци, а полицијата соопшти дека најмалку 24 лица се повредени, пренесе „Хина“.

Најмалку 24 лица се повредени во пожарот што избувна по експлозијата на гас, а седум се во критична состојба, соопшти париската полиција.

Во меѓувреме, директорот на париската полиција Лоран Нуњез објави дека пожарот е ставен под контрола.

Телевизијата „БФМ“ објави како противпожарните служби ја затвораат зградата и се обидуваат да го изгаснат пожарот.

Парижаните објавија слики на „Твитер“ од голем облак чад кој беше видлив во поголемиот дел од градот.

Фото: принтскрин

Новинарот Оливие Галзи за телевизијата „БФМ“ изјавил дека видел како фасадата на блиската зграда „целосно се урива“.

Полицијата ги предупреди луѓето да ја избегнуваат областа.

Министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин изјави дека пожарот избувнал на улицата Сен Жак во петтиот арондисман во близина на луксембуршките градини и Универзитетот Сорбона.