Европската комисија не ѝ обезбеди на јавноста доволен пристап до информации за зделките за купување вакцини за ковид-19 направени со фармацевтски компании за време на пандемијата, соопшти денеска Европскиот суд на правдата.
Ова се случува еден ден пред да се гласа во Европскиот парламент за кандидатурата на Урсула фон дер Лајен за втор мандат на чело на Европската комисија.
Случајот го покрена група европратеници откако Европската комисија одби да им даде целосен пристап до договорите за вакцините за Ковид-19 склучени од извршната власт во ЕУ и производителите.