Фото: Принтскрин

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека резултатите од парламентарните и претседателските избори ги следи од Истанбул, а не од Анкара, јави германската новинска агенција ДПА.

Во Турција денеска се одржуваат претседателски и парламентарни избори. Анкетите покажуваат тесна трка меѓу Киличдароглу и 69-годишниот Ердоган. Право на глас имаат над 64 милиони турски граѓани. Според аналитичарите, ова е најголемиот политички предизвик до сега за Ердоган кој долги години е на чело на турската држава.

– Важно е сите да излезат на гласање и да ја покажат силата на турската демократија, рече Ердоган по гласањето, јави агенцијата Бета.

Пред неколку дена Ердоган изјави дека ако ги изгуби изборите, мирно ќе го прифати поразот.

Турскиот претседателски кандидат Кемал Киличдароглу, главниот предизвикувач на Ердоган, ја поздрави, како што рече, потенцијалната претстојна промена во земјата, додека гласаше, јави ДПА.

– Многу ни недостасуваше демократијата. Се надеваме дека пролетта наскоро ќе дојде, рече Киличдароглу пред телевизиските камери додека стоеше пред гласачката кутија во главниот град Анкара.