Германија
Изминатиот викенд во Германија медиумски беше поинтензивно проследено протестирањето на граѓани против десницата. Учесниците на протестите во повеќе германски градови протестираа под паролите за „Одбрана на демократијата“ и „Заедно против АфД“. Во Берлин се собраа демонстранти во владиниот кварт, каде што, според полициски официјални извори, имало околу 60 илјади лица. Индикативно е тоа што полицијата подоцна објави дека „со оглед на тоа што спонтано се приклучувале нови демонстранти и ситуацијата била динамична, можно е да биле и 100 илјади лица“, рече портпарол на полицијата. Понатаму, во Минхен, организаторот прекина еден настан на демонстрација против политиките на германската десница. Исто така, нешто околу десетици илјади лица излегоа на улица и во други градови, како во Келн и Бремен, но со оглед на големината на тие градови, популацијата што протестираше не беше толку забележителна. Тоа е кулминација на досегашните протести, кои траат со денови. Веќе во саботата полицијата и организаторите наведоа севкупен број од најмалку 300 илјади лица, вклучувајќи ги и градовите како Хановер, Франкфурт и Штутгарт.
Во покраините Бранденбург, Саксонија и Тирингија во септември годинава се избираат нови покраински парламенти. Според анкетите и пишувањата на „Дојче веле“, деснопопулистичката АфД би можела да биде убедливо најсилна партија во сите три покраини.
Протестите низ Германија се случија како последица од средбата на десноориентираните политички партии на 25 ноември во Потсдам, на која учествувале политичари од АфД, како и некои членови на ЦДУ и на конзервативната Унија на вредности.