Фото: Министерство за одбрана на Украина/Фејсбук

Борбите во Украина ќе се интензивираат во следните две до три недели, предвидува британското воено разузнавање во најновиот извештај објавен утринава од британското Министерство за одбрана.

Во извештајот се наведува дека Русите се фокусираат на напади врз украинските позиции во близина на источните региони Донецк и Луганск, додавајќи дека борби се водат и околу Херсон и Миколаев, додека Русите се обидуваат да навлезат до Краматорск.

Разузнавачите велат дека руските сили продолжуваат да се повлекуваат од Белорусија и се очекува да бидат испратени во источна Украина.