Шуша е под контрола на Азербејџан од ноември 2020 година/Фото: Принт-скрин

За Ерменците кои беа населени таму, познат како Шуши, а за Азербејџанците кои сега го контролираат како Шуша, градот со неколку илјади луѓе во минатото беше разменет во повеќе наврати помеѓу спротивставените страни, пишува магазинот „Тајм“. Последниот ваков случај беше забележан во 2020 година кога азербејџанските сили продреа во оспоруваниот регион, по што Шуша потпадна под нивна контрола, принудувајќи илјадници Ерменци да го напуштат градот. Се проценува дека во судирите во градот беа убиени околу две илјади војници од двете страни. Делови од поширокиот регион на Нагорно-Карабах му припаднаа на Азербејџан по падот на Шуша, според мировниот договор издејствуван под посредство на Москва од ноември истата година.

Азербејџан сега намерува да ги прошири воените придобивки, откако во мај минатата година ја прогласи Шуша за „културна престолнина“ со цел да ја зацврсти контролата врз градот и врз поширокит регион каде што Ерменците се мнозинство. Но комплексната ситуација претставува ризик за поттикнување на нови тензии помеѓу Ерменија и Азербејџан.

Згора, Азербејџан има големи планови и за населување на Нагорно-Карабах со свои граѓани кои беа раселени во оружените борби во 90-те години на минатиот век. Локални власти велат дека Шуша ќе има 30 илјади жители.

Со двете страни опфатени во последните оружени судири, можноста за заедничко решение за заштита на наследството во градот изгледа неостварлива, при што постојат напори за вклучување на меѓународни посредници.

Во текот на ноќта дојде до вооружени судири на ерменско-азербејџанската граница, а страните меѓусебно се обвинуваат дека започнале нова ескалација.

Ереван соопшти дека азербејџанската армија ја гранатирала територијата на Ерменија користејќи артилерија и беспилотни летала. Баку објави дека ерменската војска пукала кон позициите на азербејџанските војници на границата, кога се случил судирот.

Министерството за надворешни работи на Азербејџан ја обвини Ерменија дека има намера да го наруши мировниот процес. Двете страни пријавиле жртви меѓу припадниците на нивната армија, јави агенцијата РИА Новости. Најмалку 49 ерменски војници загинаа во судирите на границата со Азербејџан, изјави ерменскиот премиер Никол Пашинјан.

– Во моментот има 49 загинати (војници) и за жал тоа не е конечниот број – истакна Пашинјан во парламентот.

Пашинјан претходно од претседателите на Русија и на Франција, Владимир Путин и Емануел Макрон и од американскиот државен секретар Ентони Блинкен да реагираат на „агресијата од Азербејџан“. Министерството за одбрана на Ерменија објави и дека Москва и Ереван се обврзале да преземат мерки за „стабилизирање на ситуацијата“ на границата меѓу Ерменија и Азербејџан.

Премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан денеска телефонски разговараше со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел за тензиите на ерменско-азербејџанската граница. Во соопштението на ерменската Влада се наведува дека Мишел истакнал дека Европска Унија ќе вложи напори за да спречи понатамошна ескалација, при тоа потенцирајќи оти мирот и стабилноста во регионот немаат алтернатива.

Ерменската страна разговараше и со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кои беа информирани за ситуацијата на границата. Потоа Блинкен објави дека САД се длабоко загрижени за конфликтот на границата меѓу Ерменија и Азербејџан и ги повикуваат страните веднаш да го прекинат огнот.

Баку објави дека ерменската војска пукала кон позициите на азербејџанските војници на границата, кога се случил судирот. Министерството за надворешни работи на Азербејџан ја обвини Ерменија дека има намера да го наруши мировниот процес, пишува медиумот. Според последните медиумски извештаи, азербејџанската армија утрово изврши напад на пет до шест места.

Азербејџанските медиуми објавија дека Баку и Ереван договориле прекин на огнот во новиот конфликт во кој има човечки жртви од денеска во 9 часот по локално време, пренесува РИА Новости.

– Постигнат е договор за прекин на огнот меѓу Ерменија и Азербејџан од денеска во 9 часот по локално време, објави „Спутник Азербејџан“ повикувајќи се на свои извори, пренесе руската агенција.

Ерменија и Азербејџан со посредство на Русија во ноември 2020 година потпишаа мировен договор, по поразот на ерменските сили во шестнеделната војна за Нагорно-Карабах, при што загинаа повеќе од 6.500 луѓе. Со тој договор, Ерменија изгуби контрола врз дел од Нагорно-Карабах и околните области во Азербејџан по повеќе од 25 години.