Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека не ја исклучува можноста за средба со рускиот колега Владимир Путин за време на самитот на Г-20, што следниот месец ќе се одржи во Индонезија, пишува „Гардијан“.
– Ќе видиме, им рече Бајден на новинарите на прашањето дали ќе го искористи состанокот на Г-20 во Бали, како можност директно да разговара со Путин – јави британскиот весник.
Меѓутоа, засега остануваат непотврдени плановите за патување на двајцата лидери на самитот, а Белата куќа соопшти дека доколку Путин присуствува на Г-20, тогаш треба да присуствува и украинскиот претседател Владимир Зеленски, дури иако Украина не е членка на групата.
„Гардијан“ пишува дека се уште не е познато дали Путин ќе присуствува на самитот.