Фото: Принтскрин

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот инстаграм-профил се огласи за апликацијата за членството на Косово во ЕУ.

– Почитувани граѓани на Србија, веќе знаете дека ги замолив нашите западни партнери да ми кажат кој од петте важни документи сакаат да го почитуваат: Кумановскиот договор, Повелбата на ОН, Резолуцијата 1244, Бриселскиот или Вашингтонскиот договор. Дојдовме до шестиот, многу важен документ на ЕУ, од 2003 година, познатиот солунски документ за проширување на ЕУ кон Западен Балкан. И токму во пресрет на поднесувањето на апликацијата за членство во ЕУ на т.н. Косово, моето прашање е: дали ќе ги почитуваат документите што сами ги донеле, па дури и историските од Солун, бидејќи во точката 5 од солунскиот документ се вели дека целосно ја поддржува имплементацијата на Резолуцијата 1244, па моето прашање од денес е: Кој од овие шест документи сакате да го почитувате и апсолутно ќе се договориме – праша Вучиќ.