Фото: Пиксабеј/Илустрација

Патниците на британската авиокомпанија ТУИ во понеделникот се соочија со тензична ситуација на летот од Пафос за Манчестер.

Прво, поради работното време на екипажот, авионот полетал од Кипар со шест часа доцнење. Споменатиот лет го управувал авион „Смартлинкс A321“, а поради проблематичен патник, екипажот решил принудно да слета на аеродромот во Загреб, јавува хрватската авијација.

Патниците изјавиле дека среде летот, патникот консумирал бел прав, за кој се претпоставува дека е кокаин и се молел меѓу столовите на подот во кабината. Пред да се упати кон излезот за итни случаи, тој им викнал „се гледаме во рајот“ на патниците, а потоа се обидел да ја отвори вратата на авионот.

Неколку патници го собориле дотичниот на подот и го спречиле да го стори тоа.

Авионот слетал на загрепскиот аеродром во 1 часот по полноќ, а патниците се пожалиле на организацијата на нивното пристигнување во Загреб. Тврдат дека никој не ги пречекал и дека ноќта ја минале на подот на патничкиот терминал, без храна и пијалок.

Дури рано, велат, биле пренесени во околните хотели, по што биле известени дека летот за Манчестер од Загреб ќе полета во вторник, во вечерните часови.

ТУИ им се извини на сите патници. Споменатиот патник бил изнесен од авионот под полициска придружба и не го продолжил патувањето за Манчестер следниот ден.

Следниот ден авионот полетал од Загреб за Манчестер, каде што патниците пристигнале со приближно 26 часа доцнење.