Фото: Принтскрин

Владиниот совет за национална безбедност со кој претседаваше грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ја одобрил набавката на ракетните системи „Спајк нлос“ за потребите на армијата.

Според грчките медиуми, станува збор за израелски ракетни системи, односно прецизно оружје што може да се користи и дење и ноќе, може да се постави на секаков вид на копнена или поморска платформа, а според државната телевизија „ЕРТ“ е идеално оружје за одбраната на земјата на границите.

Има напреден систем за контрола на траекторијата во реално време за време на летот на проектилот.

Информативниот портал „Њуз 247“ пишува дека израелските ракети „Спајк“ можат да го претворат секое морско подрачје околу островите во „зона без пристап“, без разлика дали се под закана од воздух од непријателски хеликоптери или од закана од морето, па дури и од поголеми воени бродови.