Големиот пожар што беснее на островот Евија во Грција стигна до градот Лимни во северозападниот дел на островот, предизвикувајќи хаос и уништување.

Жителите на Лимни синоќа добиле наредба за евакуација, а околу 1.300 од нив со чамци се префрлени во безбедни области, објави „Грик рипортер“.

Стотици луѓе, вклучително и бебиња и постари лица, биле пренесени со траект и префрлени во североисточниот крајбрежен град Аидипсос, каде што ја поминале ноќта.

Еден од неколкуте пожари што беснеат низ Евија, синоќа повторно го зафати крајбрежниот град Дафни, кој се наоѓа во близина на главниот град Халкида.

Пожарот, кој неколку пати се приближи до Дафни, синоќа за првпат создал сериозна закана за градот.

Пожарникарите кои беа заробени во областа поради прекини во сообраќајот, се безбедно евакуирани.