Доколку ги послушавме советите денеска ќе добиевме безусловна одлука за почеток на преговорите со ЕУ, изјави албанскиот претседател, Илир Мета, по одлуката на Будестагот да даде зелено светло за почеток на преговорите со ЕУ, на Албанија, но со девет услови.

Мета истакна дека сега треба да се работи на брзо решавање на длабоката политичка криза и исполнување на деветте јасни критериуми.

– Доколку навреме се послушаа нивните совети, денес би донеле безусловна одлука како за Северна Македонија. Сериозен одраз за да и дадеме на Албанија реална, а не имагнарна можност. Честитки Северна Македонја – напиша Мета на својот профил на Фејсбук.

Ова е прва официјална реакција во Тирана по одлуката на Бундестагот.