Бисер балкански

– Ако некој треба да биде гонет, тогаш тоа е митрополитот црногорско-приморски – изјави митрополитот црногорско-приморски, Амфилохије, кој изјавил дека свештениците на СПЦ се приведени од политички причини, оценувајќи дека тоа што се случува нема никаква врска со законот или со правдата и повторил дека ако некој треба кривично да се гони, тоа бил токму тој. Амфилохије најавил дека на 21 јуни ќе се одржат литии во сите градови и дека тој лично ќе ја потпише пријавата за литијата во Подгорица. Тој уште еднаш повика на укинување на Законот за слобода на религијата.


Тирана – Пуштена е во употреба обиколницата кај Фиер, што претставува еден од главните проекти во албанската патна инфраструктура и е од големо значење за одвивањето на сообраќајот, особено за време на летната сезона. Оваа важна патна делница е долга 22 км и на неа може да се вози со брзина од 120 км на час. („Обсервер“)

Белград – По големото завчерашно невреме вчера се сумираа штетите што ги направи обилниот дожд во југозападните делови на Србија. Најпогоден е Трстеник, а сликите што ги објавуваат српските медиуми и граѓаните покажуваат за тоа колку била силна надојдената вода, која носела сѐ пред себе, па и автомобили, кои ги „паркирала еден над друг“. („24 часа“)

Подгорица – Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ закажа консултации со партиите за датумот на парламентарните избори, но ниту една опозициска партија, па дури ни Социјалдемократската партија, нема да одговори на неговата покана. Се очекува по консултациите Ѓукановиќ во наредните денови да ги распише парламентарните избори, а некои медиуми, повикувајќи се на извори од врвот на ДПС, јавија дека тие би можеле да се одржат во првата недела од септември или во последната недела од август. („Вијести“)