Претседателот на САД Џо Бајден на предизборен митинг денеска во Питсбург, Пенсилванија, ќе повика на тројно зголемување на царините за кинескиот челик и алуминиум повикувајќи се на „нечесната конкуренција“ а со цел да ги придобие гласовите на работничката класа.
Повикот на Бајден следи откако канцеларијата на Трговскиот претставник на САД објави дека почнува истрага околу трговските практики на Кина во бродоизградбата, морскиот превоз и логистичкиот сектор, а во одговор на неодамнешна петиција на американските синдикати, посебно на Сојузот на челичарите.
– Кинеската политика за субвенции во домашната индустрија за челик и алуминиум значи дека на квалитетната американска продукција се прави дампинг со вештачко намалени цени слични на кинеските производи произведени со повеќе испуштени издувни гасови во атмосферата – се вели во денешната изјава на Белата куќа.
Претставник оттаму изјави дека Кина произведува околу половина од челикот во светот и го извезува металот со значајно пониски цени од американскиот челик.
Бајден ќе повика на тројно зголемени тарифи за увоз на кинески челик. Од Белата куќа исто така укажаа дека Бајден започнал разговори со Мексико за спречување на погодностите за увоз на кинески челик преку оваа земја.
Трговскиот претставник на САД, Кетрин Тај, укажа дека обвиненијата за нефер конкуренција од страна на Кина „го одразуваат тоа што го набљудуваме и во другите сектори“.
Во март, Бајден на ги поддржа обидите на јапонски Nippon Steel да го купат US Steel, а по поплаки од американскиот Сојуз на челичарите.