Американскиот претседател Доналд Трамп изјави оти го предупредил кралот на Саудиска Арабија Салман дека не би останал на власт „ниту две недели“ без поддршката на американската влада. 

– Ја штитиме Саудиска Арабија. Би рекле, богати се. Јас го сакам кралот, кралот Салман. Но, му реков:  „Ве штитиме, можеби не би сте биле на власт ни две недели без нас- морате да платите за вашата војска“, изјави Трамп на собир во Мисисипи.

Трамп не прецизираше кога му го рекол тоа на саудискиот крал, но саудиски медиуми претходно пренесоа дека Трамп и кралот Салман разговарале телефонски во саботата за економскиот раст и стабилноста на нафтениот пазар.