Пожарот, кој гори во близина на градовите Риверсајд и Сан Бернардино во Калифорнија, зафати најмалку 20.516 хектари. Само пет проценти од пожарот се ставени под контрола, соопштија од тимот за управување со инциденти.

Според Си-ен-ен, неколку фактори им отежнуваат на пожарникарите да се борат со пожарот, што избувна во петокот. Најзначајниот од нив е структурата на теренот, изјави портпаролката на противпожарната служба на Националната шума во Сан Бернардино, Лиза Кокс.

– Имаме исклучително стрмен, нерамномерен терен – рече Кокс.

Повеќе од 7.000 луѓе се евакуирани поради пожарот кој избувна во петокот. Причината за пожарот сè уште се истражува.