Како што втора недела по ред продолжуваат борбите меѓу Израел и палестинската милитантна група „Хамас“, која го контролира појасот Газа, групата лансира над 3.000 ракети врз Израел, целејќи на Ерусалим, Тел Авив и други поголеми градови. Според израелската војска, најмалку 1.000 од палестинските ракети беа пресретнати со „Железна купола“, системот што го разви израелската организација за ракетна одбрана (ИМДО) што е во состав на државната фирма за напредни одбранбени системи „Рафаел“.
Во моментов, системот „Железна купола“ е распореден на десет локации во Израел, со тоа што секој лансер може да испука 20 пресретнувачи, со оглед на тоа што системот има капацитет да лансира до 800 вакви ракети без ново полнење. Изграден е со финансиска помош од САД, па така една единица на системот чини 50 милиони долари. Пресретнувачот „Тамир“ чини околу 80.000 долари, за разлика од палестинската ракета „Касам“, која чини помалку од 1.000 долари. „Железна купола“ пресретна над 2.500 ракети во изминатите десет години откако е распореден на територијата, а потрошени се околу 200 милиони долари.